1. Општо
Техносапиен Доо (во понатамошниот текст како организацијата), како организација за развој на информатичка технологија, постапува доверливо со личните податоци и строго ги почитува сите важечки закони за заштита на личните податоци и приватноста на податоците на своите вработени, соработници и клиенти согласно Законот за заштита на лични податоци. Организацијата ги превзема сите потребни технички и организациски мерки за спречување на неовластено користење на податоците на субјектите.
2. Цел
Оваа Политика за приватност опишува како Вашите лични информации се собираат, користат и споделуваат кога ја посетувате или купувате од technosapien.mk. Кога ја посетувате страницата, ние автоматски собираме одредени информации за вашиот уред, вклучувајќи информации за вашиот веб прелистувач, IP адреса, временска зона и некои од колачињата што се инсталирани на вашиот уред. Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната technosapien.mk сопственост на Техносапиен Доо (“организацијата“, “нас”, “ние” и “нашите”) која ги користи Вашите податоци, а се однесува на нашата веб страна technosapien.mk и мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристапување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштита на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт. Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен подоле во “Последно обновено”. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
3. Како ги користиме вашите лични информации?
Ние ги користиме информациите за нарачката што генерално ги собираме за да ги исполниме сите нарачки направени преку веб-страницата (вклучително и обработката на вашите информации за плаќање, договарање, договарање за испорака и обезбедување Ви фактури и/или потврди за нарачки). Дополнително ги користиме овие информации за нарачката за да: комуницираме со Вас и правиме скрининг на нарачките за потенцијален ризик или измама. Ние ги користиме Информациите за уредот што ги собираме за да ни помогне да откриеме потенцијален ризик и измама (особено Вашата IP адреса) и пошироко за да ја подобриме и оптимизираме нашата веб-страница.
4. Сигурност на податоците
Техносапиен ДОО, превзема соодветно пропишани правила и прописи за заштита на личните податоци со кои располага, како и сите потребни мерки за спречување на злоупотреба или неовластен пристап до нив. Изјавуваме дека Вашите лични податоци ќе ги користиме само за причината за која што сте ни ги доставиле, и за оние цели за кој има потреба организацијата. Вработените во организацијата имаат потпишано Изјава за обезбедување тајност и заштита на личните податоци и се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со Вашите податоци како со информации од доверлива природа. Вашите лични податоци не се споделуваат со трети лица и се користат исклучиво за цели на функционирање на бизнисот опишани погоре. Користиме Facebook Pixel и Google Analytics за да ни помогнат да разбереме како нашите клиенти ја користат нашата веб-страница. Ние го задржуваме правото да ги споделиме вашите лични информации со државни тела на законот за да се спречат измами, да се спроведат законски регулативи, да одговориме на покана, налог за претрес или други законски регулативи, да одговориме на покана или други законски барања за информации што ги добиваме или друг начин за да ги заштитиме Вашите права. Ние ги користиме Вашите лични информации за да Ви обезбедиме насочени реклами или маркетинг комуникации за кои веруваме дека може да Ве интересираат преку Facebook или Google.
5. Рок на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот. Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци се заснова на следниве критериуми:
- Времетраење на договорот (доколку имате договор со нас)
- Времето потребно за обработка на барањето или жалбата (доколку е поднесена жалба)
- Времето потребно за обработка на барањето или жалбата (доколку е поднесена жалба)
6. Вашите права и контакт во врска со Политиката за заштита на лични податоци
Организацијата гарантира остварување на сите Ваши законски права во врска со обработката на Вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од организацијата:
- право на пристап – право да поденсете Барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за Вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани,
- право на исправка – доколку откриете дека Вашите лични податоци што ги обработува организацијата не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка,
- право на бришење – право да побарате од организацијата да ги избрише Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон,
- право на ограничување на обработката – право да побарате организацијата да ја ограничи обработката на Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон,
- право на преносливост на податоците – право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од организацијата,
- право на приговор – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на Вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон,
- право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете својата согласност за користење на Вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да не контактирате на нашиот меил contact@technosapien.mk и во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за Вашите права.
7. Промени на Политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.
Техносапиен ДОО гарантира за Заштитата на личните податоци на вработените и на субјектите до чии податоци има пристап и изјавува дека ќе се придржува до имплементираните технички и организациски мерки!